Шилегов обвинува : ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието

од desk2

СДСМ обвинува дека опозицијата се обидува да ја блокира работата на Собранието. Партиите , вели Петре Шилегов, биле на координација со претседателот на Собранието и се договориле денеска да завршат со изборот на заменици секретари, измените на кривичниот законик во делот на Супер купот и да го усвојат извештајот за работата на Агенцијата за администрација. ВМРО-ДПМНЕ, според него , сега не се држи до договорот и прави опструкции.

-Вчера и денес сте сведоци на обид на ВМРО-ДОМНЕ да направи дисфункција на работата на Собранието. Вчера ги спречивме да опструираат да не се донесе извештајот на Комисијата за финанасирање и буџет. Претседателката на комисијата одби да го потпише извештајот на комисијата . Во таков случај мнозинството членови на комисијата, според деловникот, го потпишаа извештајот, тврди Шилегов.

Од СДСМ велат дека тие ќе продолжат со работа и доколку од ВМРО-ДПМНЕ продолжат со истата динамика на , како што велат, опструкции, ќе преземат мерки кои им се овозможени со Деловникот. Шилегов не откри што конкретно подразбира тоа.

Слични содржини