Шипката носи неверојатни бенефиции

од Vladimir Zorba

Шипката како плод е вистински поливитаминен концентрат, кој речиси нема аналог во природата со толку многу витамини, соединети во еден природен производ. Шипка е ексклузивен плод со многу висока содржина на витамин C, витамини B1 и B2, каротин и многу други.

Уште во антиката шипката е призната како вредно и лековито средство. Таткото на медицината, Хипократ, а и други старогрчки научници како Теофраст и Диоскорид ги оценуваат високо придобивките од плодот на шипката.
Во последните години станаа модерни т.н. Суперхрани и суперплодове како гоџи бери, асај бери, чиа и многу други, кои го поместуваат од фокусот на Шипка.

Запознајте се со 10 неверојатни бенефиции од Шипка:

Помага при настинка и помага при воспалителни процеси;
Напивка од чај од шипка се користи за компресии при воспаленија на очите и кашлица;
Напивка од листови и гранчиња дејствува смирувачко при радикални стомачни болки, а се користи исто така при метеоризам и дијареа; Шипковият плод намалува шеќерот во крвта, го стимулира создавањето на црвени крвни зрнца и се препорачува кај болни од дијабетес, анемија, како и болести на нервниот систем;

Ублажува срцеви и бубрежни страдања, ја нормализира циркулацијата и високиот крвен притисок, помага и при заболувања на црниот дроб;

Напивка од шипинка се препорачува кај внатрешно крварење, обилна менструација, употреба кај хемороиди, тешко мокрење, хронично воспаление на бубрезите, витамински недостаток, рани и чиреви;

Во народната медицина плодовите на Шипка се применувале при камења во бубрезите, анациден гастритис, матката и назални крварење; Чајот од Шипка зајакнува имунитетот и дава енергија – високите количини на витамин Ц во Шипка може да помогнат за намалување сериозноста и зачестеноста на настинките. Чајот од билката е богат и на важниот витамин А, кој исто така помага за зајакнување заштитните сили на организмот и дава повеќе енергија.

Слични содржини