Шкендија домаќин на Гент во реваншот од плеј-офот за Лига Европа

од desk3

Единствениот македонски тим во евро-куповите, Шкендија од Тетово, вечерва го пречекува белгиски Гент во реваншот од бараж пресметката за пласман во групната фаза од фудбалската Лига Европа.

Tetovo-stadion1

Првиот дуел во Белгија заврши со победа на Гент од 2:1, резултат кој дава надеж за тетовските „црвено-црни“ дека можат да направат историски пласман на евро-сцената.

– Имаме активен резултат и шанса да одиме понатаму. Наше е да ја искористиме оваа можност. Со изданието во Гент покажавме дека имаме квалитет да се носиме со реномираниот противник, изјави тренерот на Шкендија Бруно Акраповиќ.

Натпреварот ќе се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје со почеток во 20 часот. /МИА

Слични содржини