Македонскиот вицепрвак Шкендија утревечер од 21 часот ја пречекува Краковија во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа. Тренерот Бруно Акраповиќ е задоволен од формата на екипата.

24764-mak-fudbal-vardar-shkendija-24042016-2459

– Подготвени сме толку колку што треба да бидеме. Работевме одлично на подготовки во Словенија. Сите играчи се здрави иако имавме малку проблеми со повредите, но на време се е санирано. Ги имаме сите во екипата и натпреварот може да почне. Противникот го скениравме, особено на двете последни пријателски натпревари, но тоа не беше првата екипа, тактизираа. Имаме информации кои се свежи и информации од последните натпревари од сезоната. Имаат еден играч кој игра на Европското првенство. Знаеме многу работи за нив. Не сакам многу да зборувам за противникот, туку за мојата екипа, рече Акраповиќ.

Тренерот на тетовчани верува во квалитетите на „црвено-црните“ од кои бара да го наметнат својот стил на игра.

– Шкендија е силна екипа, моите момци се во добра форма, имаме добра комбинаторика, добар посед на топка покажавме на подготвителни натпревари. Полската екипа е дисциплинирана и физички добро подготвена, не треба да се натрчуваме со нив, туку да доминираме во поседот на топката. Ние ќе ја наметнеме нашата игра и ќе се обидеме да дојдеме до успех, потенцира тренерот на клубот од Тетово./МИА

Слични содржини