Шлагот на плеј офот – Натпревар број 7 ​​во Ел Еј

од Vladimir Zorba

Највозбудливите натпревари од плеј-офот во НБА се одлучувачките во последни дуели во една серија.

Кога таа дојде до натпревар број 7, тогаш емоциите го удираат небото и се е можно.

Така ќе е и вечерва, кога во 22.30 еден против друг се соочат Лос Анџелес Клиперс и Јута Џез.

Двата тима единствени ќе го играат седмиот натпревар во првиот круг на Плејоф оваа година.

Крис Пол, најголемата ѕвезда на Клиперс, призна дека му ветил на клубскиот колега ветеран Пол Пирс дека неговата кариера нема да заврши во Солт Лејк Сити, и го исполни ветувањето.

Клиперс победи во шестата средба, и сега “Стејплс Центар” го очекува возбудливиот последен потег на Пол и Пирс.

Клиперс е без Блејк Грифин, а Јута ќе го пушти повреден во игра францускиот центар Руди Гобер. Гобер беше категоричен дека ќе игра по секоја цена, и покрај повредата на глуждот.

Слични содржини