Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбе изјави денеска дека британскиот глас за напуштање на ЕУ е неповратен процес и дека Лондон наскоро треба да поднесе официјално барање за напуштање на Унијата. британ

– Не мислам дека британската одлука за напуштање на ЕУ може да се преобрати, истакна Шојбе и додаде дека би било „пристојно“ Велика Британија наскоро да поднесе официјално барање за излез од ЕУ.

– Од клучно значење е сега да делуваме разумно и внимателно со цел штетата да биде што помала, наведе германскиот министер за финансии.

Слични содржини