Цврстата позиција на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во однос на Грција и нејзината должничка криза го зголемила одобрението во Германија до највисоките вредности.shojble-germanija-ima-potreba-od-imigrantite-211075-600x384

Ова го покажува анкета во Германија, според која 70% од анкетираните се задоволни или многу задоволни од работата на министерот, еден од најдоверливите политичари на канцеларот Ангела Меркел, соопшти АФП.

Тоа се и највисоките резултати за одобрување на Шојбле, се вели уште во истражувањето, направено за германската телевизија ARD и изданието “Ди Велт” .Според податоците значајна е и поддршката за кабинетот на Меркел како целина – 57%, што е само со два поени помалку од највисоките нејзини вредности.

Анкетата исто така ги прашува испитаниците кој според нив е одговорен за оваа ескалација на грчката криза. Според 68% од луѓето виновник за тоа е премиерот Алексис Ципрас и неговото левичарска влада. По прашањето за останувањето на земјата во еврозоната сепак Германците се поделени соеднаков број (45%) кои се за и против останувањето на Атина во единствениот монетарен сојуз.

Во исто време, германскиот министер за економија и лидер на Социјалдемократскиот сојуз Зигмар Габриел изјави дека грчката должничка криза е релативно мал проблем во Европа.

“Сметам дека меѓу дискусиите за Грција ние забораваме … дека ова е еден релативно мал проблем во Европа”, рече тој, откако го спомна конфликтот во Украина, соопшти Ројтерс.

Слични содржини