Правниците на Националниот комитет на Републиканската партија бараат законски основи за промената на кандидатот на партијата за претседател на САД, Доналд Трамп со друг. Тоа соопшти Politico, повикувајќи се на извори во Комитетот. “Армија од правници го изучува” правило №9 “кое овозможува да се издигне нов кандидат во случај на доброволно одбивање на претходниот или неговата смрт”, вели изворот за весникот.

nbc-fires-donald-trump-after-he-calls-mexicans-rapists-and-drug-runners

Порано сепак Трамп изјави дека шансите да излезе од предизборната кампања се нула.

Весникот забележува дека Републиканците ја разгледуваат можноста за промена на кандидатот месец пред гласањето кога гласачките ливчиња веќе се напишани, а во некои Држави дури започнало раното гласање.

Претходно претседателот на националниот партиски комитет Рајнс Прибс изјави дека јавното оцрнување на Трамп од сопартијци ја лишува Републиканската партија од било ккви шанси за победа на изборите.

1475975848-chorrr

Кондолиза Рајс го повика кандидатот Трамп да се повлече. Таа го објави тоа во “Фејсбук”.
“Доналд Трамп не треба да биде претседател. Тој треба да се повлече “, напиша таа. “Како републиканец се надевам да го поддржам оној кој има достоинство и обем да ја зазема функцијата во најголемата демократија на земјата”, додава таа.

Скандалот околу Трамп започна откако во американските медиуми беше распространет видеозапис на кој тој во приватен разговор прави голем број вулгарни и сексистички забелешки за жените. Во видеото Трамп разговара со познатиот телевизиски презентер Били Буш за сетот на серијал во кој милијардерот ја има епизодната улога. Со непристојни изјави мераклијата за Белата куќа опишува како бакнувал, флертувал и се обидувал да има секс со мажена жена, чие име не се споменува.

Многу од членовите на Републиканската партија побрзаа да го критикуваат однесувањето на Трамп. Подоцна, бизнисменот се извини пред сите, кои почувствувале дека се навредени од неговите зборови и изјави дека објавувањето на видеото е обид да се одвлече вниманието на јавноста од реалните проблеми во земјата.

Слични содржини