Шокантни детали: Причини за смртта на еден од синовите на легендарниот Лех Валенса

од Vladimir Zorba

43-годишниот Пшемислав водел нездрав начин на живот.


Причината за смртта на еден од синовите на поранешниот полски претседател Лех Валенса е злоупотреба на алкохол, пишува весникот”Газета виборча”. 43-годишниот Пшемислав Валенса беше пронајден мртов во својот стан во неделата во Гдањск од неговиот син Бартек.

Медицинските лица не откриле на неговото тело, траги од насилство. Полицијата и обвинителството работат на местото, ги распрашуваат и блиски членови на семејството на починатиот. Аутопсијата беше извршена денеска.

Според извор на весникот “Газета виборча” неговата смрт се должи на “нездрав начин на живот”.

Причината ќе биде позната дури по крајот на истрагата, но веќе се појавуваат хипотези.

Полските медиуми пишуваат дека прелиминарната причина за неговата смрт е веќе позната – злоупотреба на алкохол. Сите индикации покажуваат дека Пшемислав страдал од дијабетес. Не само што не се лекувал, но и не го избегнувал алкохолот. Испразнет од овој начин на живот телото најверојатно ја изгубила битката.

Според други медиуми тој земал лекови и претерал со нив.

Информациите за смртта на Пшемислав беше потврдена од неговиот брат Јарослав. “Откако си отиде Пшемислав, нашиот син, брат и татко, чувствуваме огромна болка. Во овој тежок момент молиме да се почитува нашиот личен простор – од семејството “, напиша на Фејсбук европратеникот.

Слични содржини