Пилотите на бунтовници со мерено полнење со гориво од четири авиони-цистерни, пукале на демонстрантите.

20160721.fvlbudurta (1)

Над Турција во текот на ноќта за време на обидот за воен удар (15 спроти 16-ти јули) имало мала воздух војна. Таа е опишана во публикација од Давид Ценциоти на познатиот стручен веб-сајт The Aviationist.
Публикацијата е основана на информации собрани од турскиот воен новинар Брда Мевлутоглу врз основа на авијациските податоци (Mode-S) и публикации во медиумите.

Малку по 22 часот по локално време на 15 јули управувањето со воздушниот сообраќај (АТМ) на 4-та авиобаза во Акнџжа (северозападно од Анкара) се поврзал со својот колега во Езенбога на аеродромот во Анкара. (На Акнџа се базирани три ескадрони со борбени авиони Ф-16.)

Управувањето соопштило дека два авиони F-16 од авиобазата секој момент ќе полетаат и ќе извршат лет на висина 7-8 илјади метри. Наскоро тоа се реализирало пилоти со воени прекари Aslan 1 и Аslan 2 полетале. Аslan 1 се поврзал со Езенбог и побарал дозвола да ја заземе зададената висина. На прашањето за намерите пилотот одговорил дека спроведува “посебна задача над Анкара”.

Набрзо по овие преговори Езенбог почнал да прима телефонски сигнали дека воени авиони летаат над самите покриви. Тој го запрашал менаџерот во 4-та авиобаза што се случува и добил одговор дека авионите односно пилотите ги исклучиле диспечерски апарати за нивно сугнално и радарско следење.

Додале му дека полетал нов пар F-16 со имиња Shahin (Јастреб) и ќе лета на мала височина. Тие сепак биле закана за граѓанскиот воздушен сообраќај.

Наскоро Управувањето во Езенбог открил во воздух авион-цистерна KC-135R со име Аsena 02, кој полетал од 10-та авиобаза во Инџирлик. Авионите F-16 почнале периодично и мерено да ги полнат авионите и нивните резервоари во лет, а тоа ноќе е исклучително комплицирано.Вкупно биле реализирани и употребени четири цистерни.

Тогаш ловците и хеликоптери почнале да нанесуваат удари по локалитети во Анкара:
• штаб седиштето на полициските сили за специјални операции на Голбаш – загинале 47 полицајци од F-16;
• Штабот на полициската авијација во Голбаш;
• Зградата на Големото национално собрание на Турција;
• Главната штаб на полицијата во Турција;
• штаб на MIT (Националната разузнавачка организација) во Енимахале;
• претседателската палата во Бестепе;
• штаб на државната компанија за сателитска конекција на телевизија TurkSAT во Голбаш – според владини пораки напаѓачот хеликоптерот е соборен.

Во текот на неколку часа F-16 бунтовници летале над Анкара со многу голема брзина, често ја надминувале звучната бариера на мали височини и истрелала инфрацрвени “стапици”.

Од авиобазите во Даламан, Ерзурум и Баликешир полетале F-16 за пресретнување на авионите (барем шест) на бунтовниците.

Пријавени се воздушни борби над Анкара и Истанбул, сепак нема пораки за соборен авион. Интересно е да се напомене дека еден од бунтовниците, пилотирал со пучистичкиот F-16, кој го соборил рускиот Су-24 на 24 ноември 2015 година

Парот на владините авиони F-16 била насочени кон цистерната Asena 02 со наредба да го урнат. Тоа не се случило, бидејќи поголемото летало би требало да се сруши над станбени области.

Барем еден од хеликоптерите AH-1 Cobra отворил оган од 20-мм топови врз демонстрантите и толпата што била пред зградата на Парламентот.

Хеликоптерот S-70A отворил оган врз парадата за влез на кампусот на разузнавачката централа МIT со цел да ги префрли командосите и да го фатат шефот на Организацијата Факан Фидан. Има не потврдени пораки дека е соборен.

Еден или два борбени хеликоптери за пребарување и спасување на ВВС AS532 CSAR ја нападнале церемонија по склучениот брак на висок генерал во Истанбул, на која присуствувале многу генерали. Командосите на CSAR ги киднапирале.

Осум транспортни авиони на бунтовници (С-160 и A400M) натоварени со оружје од Кајсери слетале во Малатја.

Авионите F-16 на бунтовници безуспешно ноќе го барале авионот на претседателот Ердоган (Gulfstream IV со регистрација TC-ATA) околу Истанбул, за да го соборат. Тие го фатиле, но од непознати причини не го застреле.

Предметното летало на претседателот TC-ATA користел име THY 8456, за да се маскира како летало на авиокомпанија Turkish Airlines, и ризикот да биде соборент граѓански авион најверојатно ги пишманило бунтовниците да отворат оган.

Леталото ТС-АТА полетал од Даламан за истанбулскиот аеродром “Ататурк”, кое на почетокот било освоена од бунтовниците, но непосредно пред да слета владините сили успеале да ја вратат контролата.

Рано наутро на 16 јули ловци (веројатно F-4E “Фантом”) од 2-та авиобаза во Ескишехир нанеле бомбашки удар на главната писта на 4-та авиобаза во Акнџа, додека во тоа време F-16C Block 50 лебделе западно од Анкара.

Во втората половина на истиот ден F-16 од 142-а ескадрила летале во реонот на Анкара, најверојатно со подготвеност да пресретнат секој хеликоптер или лесен авион, кој ќе се обиде да избега во Грција.

Сите овие детали насочуваат кон претпоставката дека државниот удар е подготвуван сериозно и Ердоган можеби навистина дознал за него во последен момент.

Слични содржини