Шон Конери денеска полни 86 години

од desk3

connery-demantira-alzheimerovu-bolest-to-je-besmisleno-slika-223288
1270.- Умре францускиот крал Луј Деветти, кој во текот на владеењето од 1226 успеа значително да ја зајакне ослабената кралска власт. Ги предводеше Шестата и Седмата крстоносна војна.

1530.- Роден е Иван Четврти Василевич – Грозни, руски цар, приврзаник на автократизмот и на јакнењето на царското самодржавие. Концентрирајќи ја во свои раце целата власт, настојуваше со сите средства да ги уништи болјарите, а кметовите што поцврсто да ги врзе за земјата. Наречен е „Грозни“ поради грубоста во остварувањето на своите планови. Во настап на бес го уби и својот син. Умре во Санкт Петербург, на 18 март 1584 година.

1718.- Француските доселеници во Америка во Луизијана го основаа градот Њу Ореланс, наречен во чест на францускиот војвода од Орлеан.

1744.- Роден е германскиот писател, историчар, филозоф и протестантски теолог Јохан Готфрид фон Хердер.

1776.- Умре шкотскиот филозоф, економист и историчар Дејвид Хјум. Дела: „Расправа за човечката природа“, „Политички расправи“, „Истражување на принципите на моралот“, „Историја на Англија“, „Мојот живот“.

1819.- Во Витфилд умре Џемјс Ват, шкотски научник и пронаоѓач, конструктор на првата ефикасна парна машина (ја патентира во 1769). Заедно со Метју Бултон во 1782 година во Сан, кај Бирминген, основа прва фабрика за парни машини во светот. Во знак на признание на овој голем научник единицата за моќ во физиката е наречена „ват“. Роден е во Гринок, Шкотска, на 19 јануари 1736 година.

1819.- Роден е американскиот детектив од шкотско потекло Ален Пинкертон, кој во 1850 година ја основа Националната детективска организација „Пинкертон“.

1822.- Умре англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел, кој во 1781 година ја откри планетата Уран со што стана член, а потоа и претседател на Лондонското кралско друштво. Тој откри и два од петте Уранови и два Сатурнови сателита.

1825.- Република Уругвај доби независност. Беше шпанска колонија од 1527 година.

1867.- Умре британскиот научник, физичар и хемичар Мајкл Фарадеј. Во Лондон во 1831 година откри дека електрицитетот може да се создава од магнет.

1841.- Роден е швајцарскиот хрирург Емил Теодор Кохер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1909 година. Ја испитуваше функцијата на штитната жлезда и значително придонесе за равојот на современата хирургија.

1875.- Капетанот Метју Веб стана првиот човек кој го преплива каналот Ла Манш.

1897.- Во атарот на селото Дедино, Радовишко, раководителот на револуционерната организација од Радовиш, учителот Тодор Станков, заедно со селската полиција убија двајца Турци колџии, а главаторот на колџиите, злогласниот Агато, ранет успеал да избега и да ги извести властите. Уште истиот ден Дедино беше блокирано од Турците, а селаните беа подложени на мачење. Притоа, во селото беше откриено оружје и муниција, а беа затворени 123 селани од Дедино и четворица од селото Ињево и однесени во скопскиот затвор „Куршумли-ан“, каде што беа испитувани и осудени заедно со затворениците од „Виничката афера“. Овој настан е познат како „Дединска афера“.

1900.- Умре Фридрих Ниче, германски филозоф, професор по класична филологија. Неговите дела имаат повеќе поетски отколку научен карактер, па кон почетокот на 20. век влијаеше врз поетското творештво во повеќе европски земји. Негови најзначајни дела се „Така говореше Заратустра“, „Волја за моќ“, „Од онаа страна на доброто и злото“ и „Човечко, премногу човечко“. Роден е на 15 октомври 1844 година.

1903.- Во градчето Невеска, нахиски (општински) центар во Леринска околија, здружените лерински и костурски востаници со силен налет го разбија османлискиот гарнизон од 250 војници и го ослободија градчето. Притоа, тие ја уништија телефонската станица, го истакнаа востаничкото знаме и запленија 40 мазуерови пушки. Истиот ден во Невеска беше воспоставена народна управа. Меѓутоа, по неколку денови градчето беше реокупирано од османлиската власт. Ослободувањето на Невеска е еден од најзначајните настани во времето на Илинденското востание.

1921.- САД со поразената Германија потпишаа мировен договор со што заврши воената состојба меѓу двете држави во Првата светска војна.

1930.- Роден е шкотскиот филмски актер Шон Конери. Филмови: „Д-р Но“, „Голдфингер“, „Операција гром“, „Од Русија, со љубов“, „Дијамантите се вечни“, „Никогаш не вели никогаш“.

1944.- Сојузничките сили го ослободија Париз во Втората светска војна. На самиот влез во градот сојузниците застанаа за да му овозможат на генералот Де Гол прв да влезе заедно со своите слободни Французи.

1993.- Во Скопје умре Насте Стојковски, директор на НИО „Студентски збор“, општествено-политички работник и новинар. Роден е во селото Мраморец, Охридско, на 10 јули 1932 година.

1988.- Иран и Ирак во Женева започнаа преговори без посредник за ставање крај на осумгодишната војна меѓу двете соседни земји. Војната заврши без јасен победник.

1989.- По 12 години и шест милијарди поминати километри, американскиот вселенски брод без човечки екипаж „Војаџер 2“ стаса до планетата Нептун и нејзиниот сателит Тритон од каде на Земјата испрати снимки од овие небески тела.

1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации одобри воена акција против Ирак кој изврши напад врз Кувајт.

1991.- Белорусија ја објави независноста од Советскиот Сојуз.

1994.- Во Струга, ноќта на 25 спроти 26 август, умре Владимир Петрович Бурич, светски познатиот руски поет и мислител, учесник на Струшките вечери на поезијата. Роден е во Харков, Украина, во 1932 година.

1995.- Штип го зафати катастрофално невреме проследено со дожд и со град, при што четири лица го загубија животот од удар на гром.

2003.- Во Бомбај, финансиската престолнина на Индија, во терористичките напади со автомобили-бомби убиени се најмалку 52 лица.

2007.- Грчката влада прогласи вонредна состојба во целата земја поради големиот број пожари. Во пожарите изгореа 184.000 хектари шума, а згинаа 50 луѓе.

2013.- По кратко боледување почина долгогодишниот спортски (ракометен) работник Ефтим Џигероски, роден во 1947 година во Струга. Ефтим Џигероски со години беше тренер на сениорската екипа на Струга. Целиот свој живот го посвети во работа со млади категории.

2015.- Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности го прогласи Мето Јовановски, легендарното име на македонскиот театар и филм, за Doctor Honoris Causa поради неговиот уметнички опус, големиот број на национални и интернационални признанија, кои го издигнуваат на врвот на македонската култура. Мето Јовановски ќе се вбројува во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран и други.

Слични содржини