Шон Пол и Шакира раскажуваат заедно за сексуалната страна на љубовта

од Vladimir Zorba

Познатиот пејач од Јамајка  Шон Пол откри дека снимил заедничко парче со дивата Шакира наречено Mad Love. Како што опиша самиот тој, новата песна ќе раскажува за лудилото од заљубувањето, но ќе ја претставува посексапилната негова страна.

“За мене е остварување на сонот, секогаш сум сакал да работам со неа”, изјави пејачот пред радиото KISSFM за радоста од соработката со Колумбијката. И очигледно чувството било меѓусебно, бидејќи според неговите зборови Шакира исто била страшно возбудена од можноста да твори со него.

Во моментов и двајцата се во подемот на кариерите. Во последно време Шон Пол постигнува огромен комерцијален успех поради заедничките парчиња со Дуа Липа “Клин бандити” и “Мигос”. Шакира пак не слегува од врвовите на топ листите, благодарение на најжешките ритми.

Слични содржини