Шпанија и официјално презеде контрола над Каталонија, Рахој претседател

од desk2

Шпанија во сабота презеде директна контрола над Каталонија, распуштајќи ја сепаратистичката влада на овој регион, еден ден откако каталонските парламентарци усвоија декларација за независност.

Овој потег следеше по најбурниот ден во историјата на оваа држава, кога парламентот во Мадрид усвои уставни мерки за да ги сопре сецесионистичките притисоци на регионалниот парламент во Барселона.

Шпанија го официјализира преземањето објавувајќи ги специјалните мерки во сабота наутро во онлајн изданието на државниот службен весник, извести AP.

Шпанскиот премие Маријано Рахој исто така, претходно го распушти регионалниот парламент и свика нови регионални избори за 21 декември.

Карлес Пуџдемон и 12 членови на каталонската влада повеќе нема да примаат плата и може да бидат судски гонети за попречување на работата на другите доколку одбијат да се покорат на оваа одлука.

Засега не е јасно дали високите каталонски функционери тоа и ќе го направат.

Исто така, нејасно е како Рахој ќе ја преземе контролата над пониските нивоа на огромната регионална администрација.

Некои од околу 200.000 државни службеници кажаа дека ќе одбијат да ги почитуваат наредбите на Мадрид, со што ризикуваат да бидат казнети или дури и отпуштени, по посебните овластувања на централната власт која во петок ја добија од Сенатот.

Слични содржини