Шпанската влада ќе ја преземе контролата врз Каталонија ако регионалниот водач Карлес Пуџдемон даде двосмислена одговор на прашањето на Мадрид дали прогласи независност од Шпанија. Ова беше предупредено од шпанскиот министер за внатрешни работи, цитиран од Ројтерс.

На почетокот на неделава каталонскиот лидер најави дека ќе го одложи официјалното прогласување на независност со “неколку недели” , за да им овозможи да започнат преговори со Мадрид.

Премиерот на Шпанија Маријано Рахој  му даде ултиматум на Пучдемон до понеделник да  ја разјасни позицијата и потоа до четврток да ја смени одлуката, ако продолжува да инсистира на независност. Рахој се закани дека ке има проблем  автономијата на Каталонија, ако  се одлучат  за независност.

  

” Одговорот не треба да биде двосмислен, тој мора да каже дали или не”,изјави шпанскиот министер за енергија, Игнасио Зидо, на Радио Коуп.

” Ако одговорот е двосмислен, тоа значи дека тој не сака дијалог и затоа шпанската влада ќе мора да преземе дејство “, додаде тој.

Пуџдемон, кој ги советува локалните партии да го подготват својот одговор, се соочува со сериозна дилема.

Ако Каталонија се прогласи  за  независна република, централната власт ќе преземе акција. Ако одлучи да не прогласи независност, КУП може да ја повлече својата поддршка од малцинската влада.

Вчера блокот побара од Пучдемон да прогласи независност.