Шпанија се заканува со целосно укинување на автономијата на Каталонија

од desk2

Шпанските власти денеска соопштија дека се укинува делумно или целосно автономијата на областа Каталонија, ако регионалните лидери не се откажат од независност.

– Ако претседателот на Каталонија, Кралес Пучдемон, не се откаже од независноста, тогаш ќе биде применет член 155 од Уставот, кој овозможува укинување на автономијата – изјави потпретседателската на шпанската влада, Сораја Саенс де Снатамарија.

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, денеска го повика каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон, да „дејствува разумно“, бидејќи се приближува рокот кој североисточниот регион го доби за да се откаже од тенденциите за независност.
– Барам од Пучдемон да дејствува разумно, на урамнотежен начин, да го стави интересите на граѓаните во прв план – порача Рахој во шпанскиот парламент.

Заменичката на Рахој, Саенс де Сантамарија, 24 часа пред истекот на рокот што Мадрид ѝ го даде на Барселона, изјави дека Шпанија настојува привремено да ја укине каталонската автономија доколку лидерите не се откажат од независност.
Рокот во кој Пучдемон треба да изјасни истекува утре во 10 часот по локално време.

Слични содржини