Шпанската крајбрежна стража спаси 224 мигранти

од Vladimir Zorba

Вкупно 224 мигранти се спасени при обидот да стигнат од Северна Африка во Европа, соопшти шпанската крајбрежна стража.

Мигрантите кои се наоѓале во пет пловни објекти се спасени во Гибралтарскиот Залив и во Алборанско Море, што ја дели Шпанија од Мароко.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), од почетокот на годината до крајот на април вкупно 3.314 лица се обиделе да го поминат делот од морето меѓу Мароко и Шпанија.

Слични содржини