Шпанската полиција уапси 13 лица поради референдумот во Каталонија

од desk2

Шпанската полиција уапси 13 лица во рација спроведена во канцералиите на регионалната влада на Каталонија, известија денеска шпанските медиуми.


Наведуваат дека на мета главно се економски институции.
Стотина демонстранти се собраа во Барселона пред владините канцеларии за да ја поддржат независноста и да се спротивстават на рациите.

Порано денсека, уапсен е и високиот финансиски функционер на Каталонија, Хосеп Мариа Хове.
Полицијата и властите одбија да дадат повеќе детали, затоа што судијата акцијата ја прогласи за тајна.

Како што наведува AP, акцијата претставува дел од напорите да се стави крај на планираниот референдум за независност на Каталонија, закажан за 1 октомври.
Според претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемон, Мадрид де факто вовел вонредна состојба во Каталонија, како што се подготвуваат за референдумот за независност.

„Владата де факто ја суспендира автономијата на Каталонија и воведе де факто вонредна состојба“, рече Пучдемон, по апсењето на 13 -те лица, обвинувајќи ја шпанската влада на чело со премиерот Марјан Рахој, дека е тоталитарна и ги крши основните права, а вели дека референдумот ќе се одржи според планот.

Шпанското министерство за финансии денеска воведе нови контроли на финансиите на каталонската влада да обезбеди државни пари да не се користат за одржување на референдумот, кој е прогласен за неуставен. Со тие ограничувања практично целата потрошувачка во Каталонија е под контрола на централната влада.

Слични содржини