Шпанската полиција застрела маж што извикувал Алаху акбар

од desk2

Полицијата во Шпанија застрела и рани маж со француско државјанство, откако на патарина во близина со француската граница, викал „Алаху акбар“.

Полицајците помислиле дека има оружје, па го застрелале.

Мажот, по потекло од Мароко, патувал со жена во возило регистрирано во Франција кога приоѓал на патарина кај пограничниот град Ла Жонкера, во саботата.

Полицијата вели дека цивилната патрола била алармирана од неговото чудно однесување и изгледало дека прави нешто сомнително во возилото.

Полицијата побарала од него да излезе надвор, а кога излегол држел нешто во рацете. Исто така, тој рекол Алаху акбар.

Полицијата побарала од него да сопре со викањето и испукале неколку куршуми во воздух. Сепак, се работи за ментално болен човек, кој не е сериозно ранет и ќе закрепне.

Слични содржини