Шпигел: Германската армија се подготвува да ги повлече своите авиони од Инџирлик

од desk3

Германската армија се подготвува за евентуално повлекување на шесте разузнавачки авиони Торнадо од турската база Инџирлик пред се поради тоа што Анкара се уште не дозволува германски пратеници да ја посетат базата, објави Шпигел.

0000313513-article2

Според весникот, Бундесверот анализира дали може да ги премести своите авиони во Јордан или Кипар, кои се поддршка за воздушните удари на коалицијата против ИД.

Весникот се повикува на неименувани извори според кои таков чекор ќе значи и прекин на разузнавачките летови за најмалку два месеца. Германското МО не соопшти детали за своите планови. – Сакаме да ја продолжиме мисијата од Турција, но има и алтернативи на базата во Инџирлик, изјави за весникот портпарол на армијат./МИА

Слични содржини