Шредер: Во Европа нема да има стабилност без разумни односи со Русија

од Vladimir Zorba

Мирот и стабилноста во Европа се можни само кога Германците ги поддржуваат разумни односи со “големиот сосед” Русија.

Ова го изјавил поранешниот канцелар на СРГ Герхард Шредер на конгресот на Социјалдемократската партија на Германија, пишува Focus Online.

Според германскиот политичар СДПГ би можела да направи многу повеќе за подобрување на односите на Берлин со Москва.

Притоа Шредер изразил уверување дека кандидатот за функцијата канцелар од социјалдемократите Мартин Шулц “ќе работи над тоа”.

Во исто време, поранешниот канцелар ги повика своите сопартијци да и се спротивстават на САД при администрацијата на Трамп за прашањата на надворешната и трговската политика.

Слични содржини