Шри Ланка се подготвува за нови поплави, бројкaта на жртвите се издигна на 146

од Vladimir Zorba

Бројот на жртвите од поплавите и свлечиштата во Шри Ланка, кои беа предизвикани од поројни дождови, достигна 146 лица, исчезнати се 112, а половина милион се раселени, соопштија денеска локалнитевластите, цитирани од светските агенции.

Според податоците на Центарот за управување со катастрофални ситуации 423 068 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, но информациите на локалните власти е за над 600 000, посочуваат агенциите.

Центарот продолжи со  предупредувањето за опасно време во седум од 25-те окрузи на Шри Ланка, бидејќи се очекуваат силни врнежи и лизгање на земна маса во понеделникот и вторникот. Во текот на изминатата ноќ се откриени уште тела и бројот на загинатите се зголеми од 122 на 146.

Над 2.000 лица од силите за безбедност, потпомогнати од страна на тим од соседна Индија, учествуваат во потрагата по преживеани. Над 10 000 цивили доброволци помагаат за собирање на суви безбедни места,  за подготовка на храна и нивниот транспорт до погодените области.

Некои од погодените места се тешко достапни по копно и се реагира по воздух. Индиската влада денеска испраќа втор брод со копија. Околу 125 лица поморски персонал веќе вршат медицинска и друга  помош на самото место, соопшти ДПА.

Повеќе од 1.700 станбени згради беа целосно или делумно уништени, меѓу далноводи, водни станици, патишта и ниви. Ова се најголемите поплави и лизгање на земјиштето во јужниот и западниот дел на островот од 2003 година, кога во речиси истите области загинаа над 300 лица.

Слични содржини