stajn

Политичките лидери да се ангажираат во преговорите водени од еврокомесарот Јоханес Хан за надминување политичката криза во Македонија, која го отежнува евроатлантскиот пат на земјата.

Ова го изјави денеска во Виена министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер во врска со преговорите на еврокомесарот Хан со четворицата македонски партиски лидери кои се одвиваат денеска во Скопје.

– Би било штета, а и чекор назад за целиот регион на Западниот Балкан, доколку политичката криза во Скопје, која трае извесен период, би го отежнала натамошниот пат на земјата кон евроатлантските структури. Но, тоа не смее да биде последниот збор. Затоа ги повикувам сите страни сега да ги приближат ставовите и да учествуваат на денешните преговори на комесарот Хан со цел да се надмине кризата и да се одржат избори кои на сите им обезбедуваат исти можности, порача Штајнмаер./МИА

Слични содржини