Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер изјави дека ако Велика Британија не состави влада на есен и распише предвремени избори со тоа ќе си наштети себе си и на Европа.download (46)

– Понатамошното забавување не е посакувано и со сигурност ќе биде штетно, како за самите Британци, така и за нас во Европа. Финансискиот центар на Лондон веќе прилично чувствително реагира на резултатите од референдумот и очекувам уште посилна реакција, посочи Штајмајер за „Шпигел“.

Тој додаде дека „доколку Велика Британија официјално не излезе останува членка на Европска унија“.

Штајмајер додаде и дека во германското Министерство за надворешни работи е формирана работна група за прашањата за Брегзит.

– Треба да ги прифатиме фактите, а тоа е Брегзит. Но, Велика Британија останува важен сосед и партнерт. Не треба да паѓаме во хистерија и шок. Сега треба да ја зачуваме сплотеноста на Европа

Слични содржини