Шефот на германската дипломатија Франк- Валтер Штајнмајер ја предупреди Македонија дека си го блокира патот кон ЕУ и кон НАТО. Штајнмајер вчера во Берлин се сретна со албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати. На средбата долго се разговарало и за состојбата во Македонија-пренесува DW.

images

„Се надевам дека во Македонија постои реалистичен поглед на нештата, дека растечката нестабилност и долготрајните конфликти многу ќе го отежнат патот кон ЕУ и НАТО“, рече Штајнмајер, запрашан да ги коментира најавите за можни санкции кон земјата и кон одредени политичари, кои неофицијално ги најавува ЕУ.

Штајнмајер смета дека по секоја цена мора да се спречи избувнување на насилство. Иако не објасни на кого конкретно мисли, шефот на германската дипломатија ја критикуваше и блокадата на посредништвото од ЕУ.

Две соопштенија на скопскиот кривичен суд за случајот Крпач

„Жално е што завојуваните партии ги блокираат обидите за посредување од страна на ЕУ“, рече Штајнмајер.

Ова е веќе трета реакција од официјален Берлин за кризата во Македонија, откако претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука за широка амнестија на политичари и нивни соработници. Цел на критики во најголем дел беше токму Иванов кому отворено му се префрла дека го нарушил Договорот од Пржино.

Пoвеќе ТУКА

Слични содржини