Штербик во тимот на колото, Дибиров со најубав гол

од Vladimir Zorba

 

Одличниот настап на голманот на македонскиот првак Арпад Штербик во првото четвртфинале од ракометната Лига на шампиони му донесе место во тимот на колото во изборот на ЕХФ ТВ.

Ова е по четврти пат Штербик да биде избран во најдобрата „седморка“.

Во тимот на колото се наоѓаат:

Лево крило – Уве Геншајмер (ПСЖ),
Лев бек – Никола Карабатиќ (ПСЖ),
Среден бек – Арон Палмарсон (Веспрем),
Десен бек – Марко Вуин (Кил),
Десно крило – Никлас Екберг (Кил),
Пикер – Лудовик Фабрегас (Монпеље),
Голман – Арпад Штербик (Вардар).

Една од одбраните на Штербик е рангирана и како број 4 во ТОП 5 одбрани на колото, додека за гол број 1 на колото е избран гол на вардаровиот играч Тимур Дибиров./МИА

Слични содржини