Штета од 120 милиони долари предизвикале шумските пожари во Делчево и Македонска Каменица

од desk2

Вкупно 120 милиони денари е штетата предизвикана од шумските пожари во Делчево и Македонска Каменица последниве година и половина, беше речено на денешниот работен состанок за превенција и заштита од пожари што ги организираа Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи во Делчево.

Според анализите, регистрирани биле 46 пожари на отворено, од кои само во април и март годинава 28.

– Еден од заклучоците на состанокот е да се фокусираме на подигање на јавната свест кај месното население. Договорено е да се организираат средби со населението за да се предочат опасностите од пожарите на отворен простор, да се организираат состаноци со претседателите на месните заедници за да се преземат превентивни мерки и да се организира локален совет за превенција на кој ќе присуствуваат и градоначалниците на двете општини за да се разговара за проблемите со кои се соочуваат противпожарните сили при гаснење пожари во шума, изјави Драган Балас од Центарот за управување со кризи во Делчево.

Тој додаде дека приоритетна е набавката на специјално моторно возило за интервенција при шумски пожари со која би се зголемила ефикасноста при гаснењето и би се минимизирале штетите.

Директорот на ЈП Македонски шуми, Подружница Делчево, Јордан Димитровски потенцира дека голем проблем се и неисчистените шумски патишта и административните процедури.

Пијанец има под шума 30.000 хектари од кои над 20.000 шума со загрозеност од прв степен.

Слични содржини