СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Фалсификување службена исправа“.

download (3)

Имено, пријавениот како  вработено лице во Клиничка Болница-Штип на 21.10.2015 година фалсификувал три Потврди за редовен работен однос во ЈЗУ Клиничка Болница Штип, на начин што во истите внел невистинити податоци, дека нема задршки на плата и има редовни месечни примања од 18.500 денари и од неговиот принтер во боја од оригинална потврда ги ископирал службениот печат на ЈЗУ Клиничка болница Штип и потписот на лицето кое ја издава потврдата. Така фалсификуваните Потврди ги употребил, како да се вистинити, на начин што истите ги искористил за да пазари во продавниците на „Спортисимо“ во Штип во вкупен износ од 55.400 денари.

Слични содржини