Под мотото „Не за делумна аболиција“, почна протестот на „Шарената револуција “ во Штип.

stip-protest

Граѓаните со транспаренти се собраа пред зградата на Основниот суд во Штип од каде тргнаа кон центарот на градот. Штипјани не се согласуваат со одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за делумно укинување на одлуката за аболиција.

– Оваа одлука е само еден почеток и вовед во исправање на работите, во нормализирање и враќање на правната држава. Протестите ќе продолжат се додека не се обезбедат сите услови и не профункционира правната држава – рече Горан Трајков, од движењето „Протестирам“.

Според најавата, во Штип ќе се протестира и наредната недела во понеделник, среда и четврток./извор МетА

Слични содржини