Штипската Клиничка болница доби донација од 200 илјади евра

од desk4

Клиничка болница-Штип денеска доби нова донација во опрема и помагала во вредност од 200.000 евра, која ја обезбеди шведската Невладина организација „Хенд Тил Хенд“, преку брачниот пар Розенгрен. Марија Розенгрен вели дека ова е четврта донација, а се заблагодари на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој се ангажирал за да донацијата пристигне побргу во болницата.

– Можам да речам дека градоначалникот беше многу успешен во оваа работа, заради тоа што тој ни помогна со логистиката за транспортот. Новиот менаџерски тим, директорот, главната сестра помогнаа за сите други работи во врска со донацијата, вели Розенгрен.

Директорот на Клиничика болница-Штип, Ален Ѓорѓијев вели дека донацијата се состои од болнички кревети, инвалидски колички, хирушки и гинеколошки апарати.

– Најпрвин ќе направиме технички прием, попис на опремата, а ќе биде доставена до оние одделенија, каде што е најмногу потребна. Ова е голем придонес, уште еден чекор за осовременување на здравствената заштита и бенефит за сите пациенти кои ги користат услугите на нашата клиничка болница, реѓе Ѓорѓијев.

Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски истакна дека координацијата и за оваа донација ја направи Алекдандар Арсовски вработени во Општина Штип.

– Јас и во иднина ќе продолжам да работам на ваков начин, на транспарентен, каде што секоја поддршка и помош која што може да послужи во нашите институции ќе биде добредојдена, вели Бочварски.

Во штипската Клиничка болница досега преку брачниот пар Розенгрен се пристигнати опрема и помагала во вредност од околу еден милион евра.

Слични содржини