Оставките на шефот на контраразузнавањето Мијалов, и двајцата минситри Јанкуловска и Јанакиевски  беа важни, но, секако, не беа доволни. Затоа беше формирано специјално обвинителство, порача во синоќешното интервју американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли во емисијата 360 степени, на АлсатМ Телевизија.

tocka-159282

 

„360 степени“: Вие во вашите претходни настапи инсистиравте на принципот на отчетност, политичка отчетност и одговорност, и рековте дека кога сличен случај би имало во САД, функционерите би поднеле оставки за да овозможат непречена истрага. Европската комисија во својот неодамна објавен извештај констатира дека „само ограничена политичка одговорност беше преземена со оставките на двајца министри и шефот на контраразузнавачкиот сервис“. Дали ја делите оваа оценка дека преземената политичка одговорност е само делумна?

Бејли: Би рекол дека тие оставки беа важни, но, секако, не беа доволни. Затоа беше формирано специјално обвинителство заради истрага на прашањето на правна одговорност кое произлегува од прислушуваните разговори. Има процес и во Собранието преку анкетната комисија за ова прашање. Тоа не е важно само за утврдување одговорност, можеби повеќе политичка, туку да се излезе и со препораки за да се превенираат вакви настани во иднина. Овие процеси се во тек, тие се многу важни, тие се дел од процесите на отчетност,  а не само остовката на една или друга личност.бејли

„360 степени“: Што може да направи специјалното обвинителство без темелни промени во судството, кое и ЕК го оценува за селективно при делењето правда во високо-профилни политички случаи?

Бејли: Мислам дека е перфектно можно специјалниот обвинител да ја работи својата рабата, како што веќе започна, да ги разгледа случаите, да види дали има простор за предмет, да поднесе обвинение ако е потребно. Ништо од ова не зависи од никаква интервенција. Ќе видиме што ќе се случи ако ова води кон обвиненија, тоа се поединечни случаи, секој самостојно треба да се оценува и мислам дека судството може да го направи тоа. Да, има слабости наведени во извештајот на Прибе и во некои наши извештаи. Посветени сме да му помогне на судскиот систем за да може независно да работи, што попрофесионално, во тек е реформа на Законот за кривична постапка и ние го помагаме тоа. Тоа е подолгорочен процес и мислам дека е перфектно можно специјалниот обвинител да спроведе истраги и да ги изнесе своите случаи. Се разбира, не можам да кажам како ќе судат судиите, тоа не е нашата улога.

„360 степени“: Како во овој контекст го коментирате случајот што пред неколку дена го отвори неделникот „Фокус“ за голем број фалсификувани лични карти, кои најверојатно биле користени за повеќекратно гласање на изборите?

Бејли: Го прочитав преводот на текстот. Тоа, разбирливо, е многу важно прашање. Ако постои таков вид фалсификување лични карти, тоа не е прашање само за изборите туку и за други мерки на безбедност. Така што, тоа е важно прашање за истрага. Разбрав дека министерот за внатрешни на вашата телевизија се обврзал дека тоа и ќе го направи и треба. Особено што се справувате со прашања за безбедноста на луѓето кои минуваат низ земјата. Важно е македонските документи за идентификација да се гледаат како сигурни и дека не е лесно да се лажираат.

целото интервју тука

Слични содржини