Што им се случи? Еве ги воодушевените Мет Дејмон, Двејн Џонсон и Мерил Стрип од гафот на “Оскарите”

од Vladimir Zorba

Холивудските ѕвезди седеа во првиот ред за време на церемонијата на доделување на кино наградите “Оскар” во неделата. И тие останаа  шокирани како и гледачите пред малите екрани,  со доделувањето на статуетката за најдобар филм што подоцна  стана огромен гаф.

Во мрежата се појави фотографија која покажува воодушевени лица на Мет Дејмон, Мерил Стрип и Двејн  Џонсон “Карпата” и мнозина други, кога стана јасно дека вистинскиот победник во категоријата не е “Ла Ла ленд”, туку “Месечината”.

Актерите Ворен Бити и Феј Данавеј по грешка добија погрешен плик од вработените на PriceWaterHouseCoopers кои организираат гласањето во Академијата.


Првата реакција на Белн Афлек пак беше да погледне кон братот Кејси, кој го освои “Оскар” за најдобар актер.

Во тој момент Кејси Афлек зборува со жена до него, а до него седи Мет Дејмон, кој е  тотално збунет од она што штотуку се случило.

Извор: Дејли Меил

Слични содржини