Што јаде Двејн Џонсон – Карпата, колку калории зема во текот на 1 ден!

од Vladimir Zorba

Двејн Џонсон”Карпата” станува исклучително рано и тренира многу повеќе од просечен човек. Денот му е исклучително натоварен со – фитнес, снимање на филмови, средби со печатот и други обврски. Како успева да го издржи напорниот ден и од каде ја црпи целата ова енергија? Со огромни количини храна.

За да се подготви за улогата на Херкул во истоимениот филм од 2014 година, Карпата јадел по 7 порции храна секој ден во рок од 6 месеци. Вкупниот број калории бил 5470, пренесуваWolfram Alfa.

Еве го и самиот режим на исхрана:

Јадење 1 (857 калории): 280 гр. филе, 4 жолчки, 140 гр. овесна каша или Cream of Wheat.
Јадење 2 (947 калории): 280 гр. пилешко месо, 2 чаши бел ориз, 1 чаша брокула.
Јадење 3 (946 калории): 280 гр. камбала, 2 чаши бел ориз, 1 чаша аспарагус.
Јадење 4 (773 калории): 280 гр. пилешко месо, 340 гр печени компири, 1 чаша брокула.
Јадење 5 (816 калории): 280 гр. камбала, 1,5 чаши бел ориз, 1 чаша аспарагус.
Јадење 6 (846 калории): 280 гр. филе, 250 гр печени компири, салата.
Јадење 7 (285 калории): 30 гр. казеин протеин, 10 жолчки со кромид, пиперки и печурки.

Слични содржини