“Диктатор”, “агресор”, “кум на мафијата” – така се нарекува Путин во новата книга на Гари Каспаров. Авторот наведува кои се грешките на Западот во неговата политика спрема Русија и открива некои сличности меѓу Путин и Хитлер.

putin

“Зошто треба да го сопреме Путин” – така се вели новата книга на Гари Каспаров, во која станува збор за уништувањето на демократијата во Русија и последиците кои произлегуваат од тоа за Западот. Таа излезе пред неколку дена на англиски и германски јазик и се уште е тешко да се зборува за јавото нејзино резонирање. Некои германски критичари и публицисти сепак веќе ја прочитале. Тие се изненадени претежно од радикализмот на авторот , поранешниот светски шампион во шах,кој помина во политиката, стана еден од лидерите на руската опозиција и беше принуден да ја напушти Русија. “Диктатор, агресор, кум на мафијата” – така звучат дефиниции и епитети кои Каспаров ги користи во однос на Путин. Но тоа не е сè.
Што е заедничко помеѓу Сочи 2014 и Берлин 1936?

Историските паралели се, благо речено, не особено благодарна работа. Тие треба да се прават исклучително внимателно. И во оваа нова книга, сепак, како и во многу други свои заклучоци и искази, Гари Каспаров е далеку од едноставен и остар. На пример, тој не става знак на еднаквост меѓу Хитлер, и Путин и нагласува дека не сака да го прави тоа во никој случај. Само што потсетува дека во 1936 година и Хитлер не изгледал како “серискиот убиец”, кој ја подпалува Втората светска војна.

Каспаров неслучајно ја споменува 1936 година: токму тогаш се одржуваат летните Олимписки игри во Берлин. И авторот прави паралела со Олимпијадата во Сочи. Свесно или не, пишува тој, путиновиот режим го следи точно сценариото, напишано во Берлин во 1936 година. Тука Каспаров ги нема предвид отстапките со симболичен карактер, кои ги прави Кремљ во пресрет на игрите. Авторот нагласува дека за разлика од Московската олимпијада во 1980 година и Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, кога пропагандните машини беа искористи да ги величаат “успесите” на авторитарните земји и системи во Сочи (како и во Берлин во 1936) на сцената излегува само еден човек – “сеприсутниот Фирер” со “неговите амбиции и опсесија за величество”.

“Потемкиновите населби за Олимпијадата во Сочи служат и за една друга цел”, пишува Каспаров во својата книга. Имено “за да ги притајат подготовките за агресијата во Украина”. “Кога полтронот Јанукович не успеа да ја задржи во своите раце Украина, рускиот претседател одлучи за вооружена интервенција”, пишува авторот. Тој е навреден што Западот не презел ефикасни мерки против агресорот – ниту по анексијата на Крим, ниту по почетокот на воените дејствија во источна Украина.
Зошто Западот не сака да учи од грешките?
“Американскиот претседател само набљудува, а Европа спие”, изјави Каспаров во интервју за списанието “Шпигел” по повод излегувањето на книгата. “Начинот на кој се држи Западот кон Путин, е политичка и морална капитулација. Штета што слободниот свет упорно не сака да учи од грешките во минатото, кога имал работа со диктатори”, продолжува Каспаров.

0,,17846601_404,00

Треба да се истакне дека во целата документарно-публицистичка нарација тој остро критикува и други политичари. Каспаров не се ограничува само до Путин, туку го искажува своето мислење и за Медведев или Јакунин, како и за некои западни политичари од минатото и сегашноста. Тој зборува за “слабиот Рузвелт и Черчил немоќниот”, кои му ја предале на Сталин во Јалта цела Источна Европа, како и за Чембрлен, кој спроведувал политиката на пацификација во однос на Хитлер. Авторот се осврнува и на современите политичари како Саркози, Обама, Меркел и Проди. Според Каспаров, сите тие заземаат “согласна” позиција во однос на Кремљ. Каспаров и тука го употребува изразот “политика на пацификација”, како што е вообичаено да се нарекува политиката на Велика Британија и Франција во однос на нацистичка Германија во 1930-тите години. Според зборовите на авторот, паралелите се наметнуваат сами од себе.

По примерот на Студената војна

Гари Каспаров го смета концептот за партнерство со Кремљ за застарен, а обидите за заеднички активности против “Исламска држава” во Сирија или развој на единствен став за нуклеарната програма на Иран за безнадежни. Да не зборуваме пак воопшто за некакво почитување на мировните договори за Источна Украина, каде Путин сам почна војната, како што нагласува Каспаров. “На Путин му требаат војни”, пишува тој, “за да го одвлече вниманието од економската и морална деградација на земјата и да ги реализира своите големодржавни и националистички амбиции.”

Кој е рецептот на Гари Каспаров? Тој е едноставен: Откако светот повторно се наоѓа во состојба на Студена војна, треба да се свртиме кон нејзините методи, кои еднаш веќе се покажаа ефикасни против советската експанзија, смета тој. Денес тоа значи изолација на Кремљ, наместо во потрага по нови компромиси. Западниот свет мора да наметне уште сурови казни, да достави одбранбени оружја на Украина и да демонстрира сила за да го запре “сопственото загрозување” и да го “запре Путин”, продолжува Каспаров. Дали сепак ” западниот свет”, како што го нарекува тој, ќе дојде до овие заклучоци? “Должен е да стигне до нив”, инсистира Гари Каспаров.

Слични содржини