Што мислат жените додека се горе?

од Vladimir Zorba

“Каубојка”, “Јавачка” или едноставно “одозгора” – не е важно како ќе ја наречете секс позата во која жената е врз мажот, едно е сигурно – не сите жени се уверени во себе, кога се таму.beea1e89f7443556732a1407c2c17a6c

Во главата им поминуваат какви ли не мисли. Некои се супресирачки, други не толку, трети директно тераат жената да се открие себе.

Што најчесто поминува низ умот на жените додека се горе?

“Треба ли да го ставам градникот назад?”
Разголените гради се најомилениот поглед на мажите кога сте на нив. Не ги лишувајте од ова задоволство. Тоа се едноставно маст за машката душа. Дури и да мислите дека градите не ви се толку атрактивни и стегнати, не се срамете. Овие мисли се само во вашата глава, не во неговата.

“Дали не требаше да правам повеќе стомачни …”
Непотребно е да се размислува за тоа. Веќе сте гола, пред неговите очи сте, а ако и светлата се вклучени – нема ништо за криење. Затоа сомнежите едноставно нема да ви направат добра услуга. Напротив – гледајте да не се стегнете премногу и да заборавите за важните движења во колковите, со кои го полудувате уште повеќе. Погледот ќе ја заврши својата работа.

“Сексот е одличен во оваа поза! Зошто не сум го правела досега ?! ”
Може и да мислите дека “јавачката” е нешто како тривијална секс поза, но не за сите е така. Некои жени дури не ја искусиле од страв. Пренасочувајќи гти мажите од нивната желба да ги стават на овој страстен пиедестал, не се свесни колку губат.
“Каубојката” е една од најубавите женски пози, бидејќи дава можност за директна стимулација на клиторисот.59318015f0eea9a47ceb4591e3a899f5

“Заморно е, дали да не го натерам пак да смениме со мисионерската …”
Да, сексот е активно занимавање, не пасивно. Затоа треба да се потрудите да биде нерешено со партнерот. Многу жени ја оставаат целата работа на мажите и прават голема грешка. Нема повозбудувачки за мажите од иницијативата на понежните половини.

“Каде да ги ставам рацете?”
Имате толку многу варијации што нема за што да си поставувате ова прашање. Можете да ги ставите на градите, да го милувате по стомакот, да се потпрете кон рамената, можете да му го галите перинеумот со едната рака, посегнувате одзади, а може и да ги ставите своите раце на своите гради. Ова директно ќе го натера да експлодира од задоволство, гледајќи ја оваа глетка!

Најлесно е пак да ја фаќате косата во раце во ритам. Во неговите очи ќе изгледате како вистинска лавица.

“Не требаше да јадам грав за вечера”
Звучи грубо и антисекси, но е факт – оваа секс поза има својство да ги размрдува цревата. Затоа може да се појави вриење, гасови и други непријатности.

Слични содржини