Што мислите … како жирафата го добила толку долгиот врат!?

од Vladimir Zorba

Благодарение на темелно истражување на вратните пршлени на роднина од семејството на жирафа, кој исчезнал пред многу време, дознаваме како денешната жирава добила невообичаено долг врат, пишува Discovery News.

Веќе долго време се смета дека вратот на жирафата е резултат на еволуцијата, но досега недостигаа фосили кои ќе ја поддржуваат оваа претпоставка. Во извештајот објавен во Журнал Open Science на Кралското општество, научници го опишуваат вратот на “преоден” или “среден” вид – самотериум (Samotherim), кој постоел пред 7 милиони години.

Откритијата на истражувачите од Технолошкиот институт во Њујорк се базираат на скаменети пршлени од жирафоподобно животно кое населувало делови од Евроазија, вклучувајќи Самос во Грција, Јужна Италија, Турција, Молдавија, Иран и Кина.

Пршлените биле споредени со вратните коски од единствените две суштества кои се членови на семејство Жирафа – жирафа и Окапи. Слично на сите животни вратот на членот на семејство жирафи се состои од седум пршлени. Вратот на денешната жирафа е долг околу два метри, а вратот на самотериумот бил приближно половина, додека вратот на Окапи е долг само 60 сантиметри.

“Конечно можеме да ги видиме преодните фази во еволуцијата на вратота на жирафата,” вели Мелинда Дановиц – еден од авторите на студијата. Голем број карактеристики на вратните пршлени на самотериумот сведочат за еволуцијата на пршлените на денешната жирафа. Самотериумот не е директен претходник на жирафата, но веројатно е близок роднина, затоа што во предвид се земаат особености не само на вратот, но и на скелетот, забележува проф. Никос Солунес од американскиот Природонаучниот музеј.

Слични содржини