Што направија? СЈО ќе го презентира шестмесечниот извештај

од Vladimir Zorba

СЈО откако беше формирано за една година отвори пет истраги: „Титаник“, „Тортура“, „Тврдина“, „ТНТ“ и „Транспортер“, и ниту едно комплетирано  покренато обвинение.timthumb-34Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на прес-конференција ќе го презентира шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Тоа е втор шестмесечен извештај за работните активности на СЈО што треба да биде доставен до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавни обвинители.

Првиот извештај на Специјалното јавно обвинителство до Собранието и Советот на јавни обвинители беше поднесен на 15 март, но Јанева не го образложи извештајот пред пратениците и пред Советот, па седниците беа одлагани неколку пати.

Според Законот за Специјално јавно обвинителство, СЈО е обврзано на секои шест месеци да дава отчет пред Собранието и Советот на јавни обвинители.

– Јавниот обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите, односно нејзините активности, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од јавниот обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали што според јавниот обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодветни информации за да ги оправда трошоците, е наведено во Законот.

СЈО откако беше формирано за една година отвори пет истраги: „Титаник“, „Тортура“, „Тврдина“, „ТНТ“ и „Транспортер“, и ниту едно комплетирано покренато  обвинение.

Случајот „Титаник“ се однесува на изборни манипулации во кој први осомничени беа поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, како и поранешниот секретар на Владата.

Истражна постапка позната како „Тортура“ се однесува за апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија.

Случајот „Тврдина“ е за неовластено прислушување, во кој СЈО товареше двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и поранешната министерката за внатрешни работи дека ја искористиле својата положба и спровеле уништување на два система за следење на комуникациите.

Петтиот случај, „ТНТ“, се однесува на уривањето на комплексот Космос.

За владејачката партија Јанева и нејзините обвинители работат за СДСМ, а на опозициската СДСМ којашто и предаде на Јанева 546.948 фајлови со прислушувани разговори, таа е надеж за, како што велат, враќање на правната држава.

Пред шест месеци Јанева, токму во првиот извештај најави дека во најскоро време може да се очекуваат првите обвиненија.   Во првите шест месеци СЈО реферираше дека во првите шест месеци Обвинителството отворило вкупно 150 предмети.

Триесет од предметите се во истражна постапка, а 120 се предистражни постапки.

Специјалното јавно обвинителство и по нов ите 6 месеци , ништо. И натаму  за поведените предистражни и истражни постапки досега нема поднесено ниту едно обвинение.

Од случаите кои се во рацете на СЈО, единствено случајот „Пуч“, во којшто осомничен е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е во судска процедура, а судењето продолжува в петок.

Слични содржини