Што очекува Русија по претседателските избори во САД, се прашуваат руски весници?

од Vladimir Zorba

1478588340-15

Што очекува Русија, откако ќе биде објавен резултатот од претседателските избори во САД? Тоа е темата на уредничкиот коментар во “Ведомости”. Весникот истакнува дека луѓето во Русија со внимание и претпазливост ги следат американските избори и за тоа има причини.
“Рускиот” фактор во денешните избори, без разлика дали е реален, работи за имиџот на Москва.

Истовремено изборите ја потврдуваат тезата за криза во западните демократии, која е толку важна за Кремљ, пишува весникот, цитиран од страна на Би-Би-Си.

“Ниту евентуалната победа на Трамп, ниту на Клинтон не ветуваат значителни промени во руско-американските односи – коментира политикологот Фјодор Лукјанов.
– Разликата е само дека при победа на Клинтон сигурно нема на што да се потпреме, а при победа на Трамп не се знае на што да се потпреме. ”

Според експертот независно од изборниот резултат нема шанси антируски санкции да бидат откажани ниту во краткорочна ниту во долгорочна перспектива.

“Комерсант” објавува интервју со поранешниот амбасадор на Вашингтон во Москва Мајкл Макфол, претставен како близок соработник на Хилари Клинтон. Основно прашање на весникот е дали ќе се влошат билатералните односи, ако Клинтон биде избрана за претседател.

Според Макфол Хилари Клинтон не е приврзаничка на тешкиот курс спрема Русија. Од друга страна, таа нема да биде претседател, кој би рекол дека цели кон подобрување на односите со Москва. Наместо тоа, таа ќе ги постави познатите цели, а потоа ќе разгледа каква такав стратегија и инструменти за да ги употреби за нивно остварување.

Поранешниот амбасадор целосно ја отфрла можноста руско-американските односи сериозно да се влошат при победа на Клинтон, дури до отворен воен конфликт, како прогнозираат симпатизерите на Трамп.

“Само еден луд би започнал војна со Русија. Дури не е важно дали Путин е добар или не, дали Русија постапува лошо или добро во Крим и во Сирија. Најважно е дека Русија го поседува најголемиот во светот (можеби по САД ) арсенал од нуклеарни средства и се уште е можно заемно нуклеарно уништување. Клинтон разбира дека не може да има војна меѓу Русија и САД. Таа не е луда “, вели дипломатот.

Интересот кон Запад меѓу луѓето во Русија се намалува, наведува “Известија”, кој објавува податоци од анкетата на социолошкиот центар “Левада”.

Според 59 отсто од жителите на Русија на пример, веќе нема смисла да се обрнува внимание на антируски критики од Запад, бидејќи Западот едноставно има желба да ја ослабне федерацијата како негов силен конкурент.

Истовремено се задржуваат антиамерикански ставови меѓу населението на Русија – во позадината на конфликтите со Западот поради Украина и Сирија и тие излегоа постабилни од претходните бранови на антиамериканизам, забележува Карина Пипи, експерт од “Левада”.

Според Аналитика Андреј Кортунов луѓето во Русија не влијаат на медиумите. Сепак кризата во односите со Западот веќе не е толку акутна, иако антируски санкции не се креваат, остануваат и големите несогласувања по многу прашања, додава тој.

“Кризата не може да се одржува до бескрај во оваа состојба. И кај нас, и во Европа има извесен замор од неа. Луѓето гледаат какви проблеми се појавуваат во светот имаат желба да се тргне кон обновување на односите. Многумина набљудувачи на Запад повикуваат да се земаат предвид мислењата на Русија. И сега тоа личи повеќе отколку пред две години, кога кризата едвај беше почнала да се пикира “, вели Кортунов.

Слични содржини