Што пренесуваат бугарските медиуми за посетата на Заев на Софија?

од desk3

2 август, Борисов и Заев, Софија и Скопје си ги стиснаа рацете се само дел од насловите во бугарските медиуми

Премиерот Бојко Борисов даде поддршка за приемот на соседот  во НАТО и ЕУ, се само дел од текстовите во бугарските медиуми од денешната посета на македонскта делегација предводена од премиерот Зоран Заев во Бугарија.

Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија ќе биде потпишан на 2 август, во Софија улица ќе го носи името на претседателот Борис Трајковски, а во Скопје – на Жељу Желев. Ова стана јасно по средбата на премиерот Бојко Борисов и неговиот македонски колега Зоран Заев во Софија.
Како знак за надминување на долгиот спор околу историјата на двете земји и на тоа чиј цар е Самуил двајцата изненадувачки одлучија да ја нарушат официјалната програма и да положат цвеќе на споменикот во центарот на Софија.

Кога Борисов ќе ја возврати посетата на македонскиот колега во август, ќе го стори истото во Скопје. Според двајцата премиери минатото не треба да ни разединува, туку да не сплотува.

“Поблизок народ ние немаме”, рече Борисов додавајќи дека  некои од спорните прашања треба да бидат разјаснети пред потпишувањето на документот – на пример признавање на македонскиот јазик, историјата на двете земји.

“Ние како држава први ја признвме Македонија, а во Уставот на Македонија е напишано каков е официјалниот јазик на таа држава, па тој мора да е потпишан на овој јазик, а кога министрите за надворешни работи  ќе ги разнајсант последните детали, тогаш ќе ги знаеме соодветните решенија – што значи заедничка историја и за кој период, различните историчари утврдат различни периоди, но од 1991 година Македонија има друга приказна, уште се спори која е заедничката историја, кои празници се заеднички и наместо да се караме за нив може да се повод за радост и од двете страни на границата “, рече Борисов.

Инаку, за време на средбата очекувано Борисов вети поддршката на Бугарија за влез на Македонија во НАТО и ЕУ, но призна дека му кажал на Заев: “Помогни си сам, за да ти помогне и Господ”.

Премиерот Борисов призна дека е задоволен дека политичката криза, која доведе дури до напад во парламентот во Скопје, е надмината.

“Најпосле и на нашата граница со Македонија веќе има мир, Македонија има историска шанса да направи,  нејзините граѓани да се чувствуваат добро, бидејќи патот кон НАТО и ЕУ води до политичката стабилност”, рече Борисов.

Според него, Македонија треба да го користи претпристапните фондови на ЕУ.

Тој се обврза да зборува во Брисел со своите колеги за потребата од пристапувањето на Западен Балкан, бидејќи “тоа е од витално значење”.

“Инфраструктурата е многу важна, бидејќи тоа ќе ја отвори Македонија во сите правци, ќе се потрудиме со Грција да работиме заедно за да ги реши сите проблеми, бидејќи дестабилизација на Македонија значи дестабилизација на нашите граници, ние сме за стабилна Македонија”, најави тој, но додаде дека на крајот сето тоа зависи од политичката елита во Скопје.

Заев призна дека за Македонија нема алтернатива надвор од НАТО и ЕУ.

Тој соопшти дека побарал од Бугарија да помогне со своето искуство при апсорпцијата на парите од Брисел, па најдобро е да се користат претпристапните фондови од Македонија.

Според Заев искуството на Бугарија во однос на ова ќе биде  бесценето.

Заев, кој е лидер на социјалдемократите во земјата, физички беше повреден за време на нападот на парламентот во Скопје.

Сепак, тој призна дека веќе се простил, во срцето немал омраза и одмазда, и дека власта има потреба од опозиција.

Слични содржини