Ако имате подолга врска со девојка, тогаш веќе сте се соочиле со нејзините ненадејни промени во расположението, своеобразност, висока раздразливост во деновите пред нејзиниот циклус, наречени на кратко ПМС (предменструален синдром). Веројатно ви иде да заминете на Северниот Пол, кога тоа време ќе дојде и не можете да дознаете што грешите секој пат и зошто таа се лути и вреска.1b12ef481b8e813d0851992d390cbc23

Па, тоа се хормони, нема што да разбирате, но пак може да се применат неколку трикови со кои ќе си обезбедите мир и во овие напнати моменти. Што да правите:

1. Време е за романтични средби, кои сте ги избегнувале

Вечера во убав ресторан, гледање комедија на кино, прошетка во природа. И не заборавајте да бидете беспрекорен кавалер. Во овие денови таа сака целото внимание да биде кон неа, но само кога таа ќе го побара.

2. Бидете ќутливо прасе!

Пробувајте ги сите нејзини чудни јадења, не се расправајте зошто сака да се облечете на оној начин и ако премести некој мебел во куќата, кимнете одобрувачки.

3. Купувајте ги сите слатки на светот!

За време на ПМС чоколадото е најдобро средство за да го зачувате расположението добро!

4. Покажете емпатија!

Не ја прашувајте зошто рика на филмот, туку погалете ја нежно. Во овие денови таа е преосетлива и ако се потсмеете или ѝ ги оспорите емоциите, ќе се претвори во вистински ѕвер.

5. Бидете трпеливи!

Емоциите ѝ се како ураган, но дури и да наидете на него, стиснете заби и не се бунтувајте. Повторувајте си дека тоа трае само неколку дена.

6. Преземете некои од нејзините обврски

Кога ќе ви каже да одите до продавница, не поставувајте повеќе прашања, туку тргнувајте. Може  и да ги измиете барем еднаш чиниите или дури и да готвите. Ова ќе ѝ покаже дека ви е грижа за неа и ќе ја натера да се почувствува подобро од секој лек на светот.

Што да избегнувате? Едноставно е:

– Не поставувајте излишни прашања. Всушност поставувајте минимално прашања.

– Не се расправајте, бесмислено е и само ќе ја изнервира.

– Во никој случај не опишувајте какви ѝ да е нејзини недостатоци и не ја обвинувајте за ништо.

Слични содржини