Што се договорија Заев и Ахмети ?

од Vladimir Zorba
Средбата во седиштето била тет а тет без посредници и партиски тимови меѓу Заев и Ахмети

Средбата меѓу Заев и Ахмети се одржа во седиштето на СДСМ и траеше повеќе од два часа, но претседателот на ДУИ и на влегување и на заминување не даде изјава за медиумите, туку кусо порача дека за денешните разговори за состав на новата влада партијата ќе објави соопштение во текот на денот. И од СДСМ велат ќе издадат соопштение.

Средбата во седиштето била тет а тет без посредници и партиски тимови меѓу Заев и Ахмети, и други детали нема.

Единствено портпарол Птере Шилегов нагласи дека не се разговара за бројот на ресорите туку цлета е да се види кој колку може да одговори на потребата на граѓаните, а не на партиите.

Шилегов истакна дека се надева на брзо завршување на преговорите и формирање на новата влада.

По оваа средба со Ахмети, следуваат и средби и преговори со другите партии од парламентарното мнозинство, односно со

Движењето Беса и со Алијансата за Албанците.

Се очекува преговорите да се водат  и во текот на викендот, и до колку се биде како што треба во почетокот на нареданата недела треба да се закаже седницата за избор на нова влада, и кој би требало да биде изгласана  до крајот на наредната недела.

Фото: Мета

Слични содржини