Што цели зголемената руско воено присуство во Сирија? Ова е прашањето, откако во саботата, претседателот Владимир Путин за прв пат јавно призна за руското учество (“сериозно” според неговите зборови), во сириската граѓанска војна. Следеа информации за неколку руски десантни бродови кои поминуваат теснеците и се насочуваат кон Сирија. Израелски медиуми дури шпекулираа за појавата не само на руски пилоти во сириските авиони, но и за распоредување на модерни борбени авиони во регионот. Последното веќе прилично се потврдува по официјалното признание на Грција дека САД побарале земјата да ја откажат можноста руски авиони да летаат во нејзиниот воздушен простор.

zx620y348_2605832

Сака ли Москва да ја промени рамнотежата на моќта во Сирија, за да излезе конфликтот од мртвата точка и да се насочи кон договор, или обратно – сака да го разгорува, за да го зголеми притисокот кон Запад од бранови сириски бегалци, како што гласат повеќето заговорни коментари ?

Судејќи од официјалната американската реакција, Вашингтон барем засега не гледа некаква сериозна промена. На денот во кој Путин го призна за учество на руски војници во Сирија, американскиот државен секретар Џон Кери имал телефонски со рускиот колега Сергеј Лавров. Според Држaвниот департмент, Кери изразил загриженост за зголемената руска воена поддршка кон сириската влада. Во соопштението се споменува и дека зголемената руско присуство може да го зголеми приливот на бегалци кон ЕУ, како и да доведе до ескалација на конфликтот и уште жртви. Но не се користат зборови како “осудува” или “предупредува”. Во исто време Кери и Лавров се согласиле дека дискусиите на сирискиот конфликт ќе продолжат подоцна овој месец во Њујорк, пишува уште во коминикето. Тогаш за прв пат од пред десет години се очекува Путин да присуствува на Генералното собрание на ОН.
Сириските Руси
Русија одамна има воен персонал во пристаништето Тартус, што е база на руските поморски сили. Дел од фотографиите на руски војници кои циркулира низ социјалните мрежи, беа токму оттаму. Досега нема информации за директно учество на руски војници во конфликтот во земјата.

Америка забележала ” подготвителни чекори”, кои се изразуваат на пример во транспорт на монтажни станови за стотици луѓе. Тие се за персоналот на сирискиот аеродром во пристанишниот град Латакија, споделува висок американски функционер за Reuters. Според него тоа може да е знак дека Русија се подготвува за распоредување на тешки воени средства таму.

Според сириски извор, цитиран од либискиот весник As-Safir, нема значителни промени во улогата на Русите на сириско земјиште – тие се таму како експерти и советници. Пред британскиот Daily Telegraph независниот руски воен коментатор Павел Фелгенгауер тврди дека несомнено има руско учество во Сирија, кое се изразува во присуство на технички советници и инженери. Нивната улога е да се одржува военоата опрема, а Фелгенгауер додава дека е невозможно авионите на Асад да летаат без никаква руска техничка помош.

Но има знаци дека ова присуство се засилува. На 2 септември BBC јави дека тешко натоварен брод на руската флота преминувал преку Босфорот, најверојатно во насока Сирија на 20 август. Покрај овој видео клип со извор сириската армија покажува нови оклопни транспортери БТР-82A (сами по себе веќе не најдобар нов модел), кои никогаш досега не биле набавени од Сиријците.
Сепак зошто?

Зголемувањето на руските сили во Сирија доаѓаат само неколку месеци откако беше потпишана нуклеарната зделка на Западот со Иран. Таа го отвора патот за враќање на Техеран на меѓународната сцена, уште повеќе што земјата е неофицијален сојузник на САД и Европа во борбата со “Исламска држава во Ирак и Левант” .

Прашањето е дали со благовидните грижи на Западот кон Русија и Иран не се дава поле за дејствување таму каде Европејците и Американците немаат желба да се мешаат. Бидејќи нема сомнение дека режимот на Башар ал Асад во Сирија се крепи во не мал степен на користење на помошта од Москва и Техеран.

Само пред еден месец во медиумите се дискутираше дали Русија не е подготвена да помине “отаде Асад”. Поводот беше реплика на турскиот претседател Реџеп Ердоган, дека “[Путин] веќе не е на мислење дека Русија треба да го поддржува Асад до крајот. Јас верувам дека тој може да се откаже од него”.

Под услов дека еден од можните договори за иднината на Сирија е државното уредување на земјата да биде слично на она во Либан, каде религиозните групи имаат свои квоти во владата, некој ќе мора да гарантира и судбината на Асад. Според Павел Фелгенхауер воените маневри на Москва може да се дел од напорите да се зајакне притисокот врз американскиот претседател Барак Обама да го прифати мировниот план за Сирија, предложен од Путин во почетокот на летото,кој предвидува вклучување на сириски владини сили и Иран во коалицијата против ИД. Има и претпоставки дека ова е обид Кремљ да се вклучи во битката против џихадистите и да го изтргува тоа како против учество во одредувањето на иднината на Сирија, така и за кревање на западните санкции против Русија.

Зголемена присуство на руски војници во Сирија е повод за загриженост и за Израел. Според весникот Haaretz тоа може да ја промени рамнотежата на моќта во регионот. Израелската превласт во арапскиот регион е далеку можна кога недостигаат силни сојузници и Сирија делува фрагментирано во воен аспект. Кога ќе се вклучи сојузник како Русија и распореди војници таму, тоа ја менува ситуацијата значително.

Дали руските движења во Сирија целат кон измена на стратешкиот пејзаж на Блискиот Исток, дали се маневри во играта на Кремљ со Западот и дали сето ова ќе го зголеми бегалскиот поток е тешко да се каже. Како и секогаш со активностите на Путин, тие се толку непредвидливи.

Слични содржини