Што се случува во телото кога сме во овулација

од Vladimir Zorba

За време на месечниот циклус кој трае во просек околу 28 дена, хормоналниот баланс во телото на жената постојано се менува. Се менува и за време на овулацијата, кога јајце клетката се смета за плодна. Што се случува со вашето тело во овој период?
Спиете повеќе … или помалку
Многу работи можат да влијаат на спиењето на една жена. Меѓу нив е и овулацијата. Во овој период хормоналните промени во телото го намалуваат стресот, што помага за подобар сон. Кај некои жени, сепак може да се забележи несоница, најчесто предизвикана од зголеменото либидо.

Расположението ви е прекрасно
За разлика од мрачното расположение карактеристично за предменструален синдром , овулацијата го прави спротивното – тера да се чувствувате одлично, да светите, да се смеете, да се шегувате, да имате повеќе енергија.
Либидото се зголемува
За време на овулација женскиот организам е поподготвен од кога било за создавање на потомство. Затоа хормоните си го велат своето, либидото се зголемува, дури е можно да посакате да дивеете повеќе од обично.

Градите ви стануваат почувствителни
Многу често е градите или поточно  брадавиците на жените да не се толку чувствителни, како што мажите замислуваат. На некои жени дури им е непријатно да си играат со градите. Многу е можно ова непријатно чувство да се зајакне за време на овулацијата.
Некои жени пак се радуваат на пријатни чувства во градите за време на овулацијата. Промени се можни и во двата случаи.

Слични содржини