Што треба да јадете за да имате мирен сон

од Vladimir Zorba

Пред спиење, јадете повеќе ореви и млеко со мед


Веројатно во текот на денот стеизложени на стрес, поради лични или професионални проблеми, или не сте ја потроши целосно својата акумулирана енергија. Можеме да изброиме уште многу фактори, но ќе запреме и на еден важен детаљ: храната што ја земате има силно, дури решавачко влијание врз вашиот организам. Важно е пред спиење да јадеме храна, којашто има смирувачко дејство, за да успееме да заспиеме.
Ако јадете правилно нема да ви требаат седативи за да заспиете.

 

1. Млечни производи

Причината поради којашто млечните производи може да ве натераат лесно да заспиете е што содржат калциум, кој му помага на организмот да лачи доволно мелатонин и триптофан.

2. Јајца
Тие се одличен извор на триптофан (аминокиселина од која зависи лачењето на серотонин). Варените јајца се вистински пријатели за спокоен сон.

3. Банани

Со нив го добиваме особено корисниот витамин Б6, па не ги исклучувајте од менито, особено што позитивно влијаат на сонот.

4. Мед

Медот е познат како ефикасен лек против несоницата од илјадници години. Една лажица од него во чај од камилица пред да си легнете ќе ве однесе директно во земјата на мирните сништа.

5. Ореви

Јатките го содржат така потребниот за спиење хормон, мелатонин, поради што ќе ви помогнат лесно да заспиете. Па, додадете ореви во вечерниот десерт и ќе спиете подобро.

Слични содржини