Што треба да знае секој сопственик на iPhone

од Vladimir Zorba

Иако модерните смартфони со бренд iPhone не се полнат толку долго време, колку порано, корисниците секогаш се возбудуваат од можностите кои дополнително го намалуваат овој процес. Токму тоа е и една од причината обожавателите на Apple да се залагаат за  уредите на други производители, кои сепак се опремени со технологија за брзо полнење.

iPhone, исто така може да се полни побрзо. Нудиме 3 можности.

1. Овој метод се користи од страна на многу луѓе кои знаат дека полнењето станува доста побрзо ако го исклучат уредот или пак го постават на режим на летање. Во оваа состојба, се разбира, не можете да го користите вашиот телефон, додека процесот на полнење не заврши.

2.- Влезете во поставките на батеријата и вклучете “Режим на заштеда” (Low Power Mode). Огромен плус е дека кога батеријата се полни до 80%, режимот автоматски се исклучува. Така ќе го наполните телефонот со 30% побрзо.

3. Наполнете го iPhone со кабел на iPad-а. Така ќе користите струја со моќност и сила 12W и 2.4А додека инаку користите само 5W и 1A. А, дали може нешто да тргне наопаку? На сајтот на Apple пишува дека овој пристап е сосема безбеден.

Користењето на овие три начини за брзо полнење го забрзуваат процесот со до 50%. Односно iPhone 7 може да биде наполнет не за три часа, туку на пример за 2 часа. Корисно!

Слични содржини