Што треба да знаеме пред да користиме лимон врз лицето?

од Vladimir Zorba

Многумина применуваат најразлични третмани и пилинзи за лице, чија цел е да ја исчистат и осветлат кожата. Некои дури го мијат своето лице со млеко.

Колку и да сакаме да ја третираме кожата на лицето со различни маски, има една состојка по која не треба да посегнуваме, и тоа е лимонската киселина.

Според дерматолозите, одредени состојки можат да доведат до акутна иритација кај некои луѓе. Без разлика колку природен да е екстрактот, ризикот од иритација и алергија постои.

Лимонот е киселина

Многумина се насочуваат кон лимони за осветлување на темните дамки и пилинг на кожата. Но исто така е важно да имаме на ум дека тој има ниска pH, што значи дека е прилично кисел. Затоа може да предизвика оштетување на областа која се обидуваме да ја лекуваме.

Лимонската киселина ја зголемува чувствителноста на кожата кон ултравиолетовите сончеви зраци

Жолтиот цитрусен плод содржи фотосинтезирачки соединенија кои реагираат кога се изложени на сончева светлина. Така кожата станува исклучително чувствителна на сончевите зраци.

Ова, пак, може да доведе до хиперпигментација, што се испоставува како проблем, ако се обидеме да третираме кожни проблеми со лимон.

Употребата на цитрусно овошје за такви цели крие ризик и од појавата на плускавци, а опоравувањето од нив може да трае со месеци.

Што е важно да знаеме пред да прибегнеме кон употребата на природни состојки со козметичка цел?

– Најнапред треба да го знаеме типот на кожата и да ги избираме состојките според него.

– Ако кожата е сува, се лупи или користиме лекови за акни, не смеат да се употребуваат овошни екстракти врз кожата, како сок од лимон. На овој начин кожата се дехидрира и се зголемува чувствителноста.

– Ако состојките се стари, пакувањето е загадено, како и кај рацете кога ги нанесуваме, може да се развие инфекција.

Слични содржини