Почетна / Актуелно / Што треба да знаеме за полуфиналето во ЛШ?

Што треба да знаеме за полуфиналето во ЛШ?

Уште една фаза од овогодинешното издание на Лигата на Шампионите е во историјата. Но турнирот не запира и сега доаѓаат најинтересните дуели – време е за полуфиналето. Што сепак треба да знаете за нив?

На прво место – Ждрепката е уште овој петок. Во 13:00 часот по македонско време во седиштето во Нион ќе стане јасно како ќе бидат распределени двете двојки. До оваа фаза стигнаа мадридските Реал и Атлетико, францускиот Монако и италијанскиот Јувентус.

Ждрепката е полна и нема апсолутно никакви ограничувања. Секој еден од противниците може да се падне со другиот. Натпреварите ќе се играат на 2 и 3 мај, а реваншот ќе биде на 9 и 10 мај. Финалето е на 3 јуни во Кардиф.