Што треба да знаете ако сте во врска со Скорпија

од Vladimir Zorba

Љубовта со претставник на знакот Скорпија е сè, но не и досадна. Тој е страстен, информиран, сака флерт и секој миг е возбудлив. Ова досега е добро, но што друго треба да знаете, ако имате љубовна врска со Скорпија?a8182c2acb1535a9d375b806f5c189b9

Тие се интензивни
Родените во знакот  Скорпија се интензивни личности. За многу од партнерите е тешко да ја следат нивната динамика. Затоа, ако сега започнувате врска со Скорпија, размислете дали сте подготвени за овој интензитет.

Можат да бидат премногу чувствителни
Скорпиите се силно интуитивни и емпатични личности. Тие на секој начин ги доловуваат емоциите на другите. Во емотивниот однос тоа многу ги оптоварува. Затоа во љубовта често ќе забележите дека има момент во кој тие како да не можат да се справат. Партнерот Скорпија ќе има потреба од вашата постојана поддршка, разбирање и внимание.

Неговата претерана чувствителност може да не ве понесе бидејќи често неговите чувства ќе бидат поважни од вашите. Зборови како “Сè ќе биде во ред”, “Јас сум до тебе” ќе го натераат да се чувствува емоционално постабилен.
94e8b36b51f219c1c3aa246472901d53
Интровертни се
Повеќето претставници на зодијачкиот знак се интровертни личности. Во една врска држат да бидат во центарот на вниманието. Бидејќи се природно шармантни, знаат како да го привлечат вниманието кон себе. Не очекувајте брзо да ви се открие.

Дури и да мислите дека знаете сè за нив, секогаш ќе има некоe малo место во душата, што сè уште е мистерија за вас.

Независни се
Претставниците на знакот Скорпија се независни. Дури и без зборови, тие ќе ви покажат дека можат да се силни, решителни и само-доволни. Нема сомнение дека сакаат да ги пројавуваат своите лидерски квалитети и во љубовните врски .

Сепак за долгорочни односи бараат партнер кој е исто толку силен како карактер. Некого на кого можат да веруваат и да ги води.

8fa4327f8ff96ad18d0c6237b3d9f7b5
Веруваат во приказните
Скорпиите се волшебници по природа и секогаш читаат меѓу редови. Веруваат дека во животот ќе ја најдат својата љубовна приказна. Скорпиите сакаат да бараат скриени значења на она што им го велите, она што се случува во нивните односи. Ја сакаат играта на кодови, бидејќи сакаат да читаат меѓу редови.

Тврдоглави се
Ако во зодијакот има сончев знак кој е исклучително напорен, тогаш тоа е Скорпијата. Кога е привлечен од некого, нема да се откаже, додека не добие она што го сака. Скорпиите се упорни во зачувувањето на љубовната врска, подготвени се да дадат многу од себе, но се држат до тие да ги одредуваат повеќето од правилата. За нив “Не” не постои.

Слични содржини