Што треба да знаете пред да се истетовирате?

од Vladimir Zorba

Тетовирањето секогаш ги крие своите ризици, дури и кога е направено од специјалист и во стерилна средина. Излегува дека, сепак, најчесто цитираните ризици од алергиска реакција, бактериска инфекција, хепатит или тетанус не се единствените опасности по ставањето на тетоважа.

Научниците алармираат дека потенцијално токсичните нанопродукти во составот на мастилото за тетоважи може да преминат во крвта, да циркулираат со неа во телото и да ги исфарбаат и оштетат лимфните садови.

Потребни се дополнителни студии за да се разјасни дали ова е опасност по здравјето. Сепак, како што препорачуваат специјалистите, треба внимателно да се применуваат при нанесување на тетоважи, особено на изборот на мастило.

 Податоците за врската меѓу тетовирањето и последиците врз лимфните садови се потврдуваат од специјализирано лабораториско испитување на лимфните садови и земени кожни примероци од луѓе со тетоважи. По ренгентско-флуоресцентна анализа е утврдено дека кај скоро секој втор човек со тетоважа има зголемено ниво на метали – алуминиум, железо, хром, никел – во кожата и во лимфните садови.
 Во некои случаи, особено кај луѓето, тетовирани со сино или зелено мастило, се утврдуваат дури високо токсични хемиски елементи како кадмиум, жива и др.

Слични содржини