Што вети Трамп за време на предизборната кампања и што исполни за една година на власт

од Vladimir Zorba

  

 

Ајде да фрлиме поглед на некои од основните предизборни ветувања на американскиот претседател Доналд Трамп, и нивната моментална состојба една година по преземањето на функцијата.

Ветување: Да ги откаже и замени клучните здравствени реформи на Барак Обама.

Состојба: По многу неуспешни обиди за укинување на законот, републиканците во Конгресот укинаа барање според кое Американците треба да добијат здравствено осигурување или да платат парична казна. Промената беше вклучена во законодавството за даночни реформи, кое Трамп го потпиша претварајќи го во закон во декември. Тој рече дека отстранувањето на барањето „значи дека Обамакер се укинува“. Сепак, голем дел од законот од 2010 година останува во сила.

Ветување: Да изгради ѕид на границата меѓу САД и Мексико и да го натера Мексико да плати за тоа.

Состојба: Трамп побара 18 милијарди долари во следните десети години, за да плати за изградба на ѕидот и други првични расходи за него. Тој бара зделката за изградбата да биде дел од закон кој демократите го бараат за да ги заштитат мигрантите, кои како деца биле незаконски донесени во земјата. Тој покажува дека е подготвен да ги употреби преговорите за Северноамериканскиот договор за слободна трговија за да го натера Мексико да плати за него.

Ветување: Да прекине миграцијата од „региони предиспонирани кон тероризам“ и да воведе засилени проверки

Состојба: Неколку дена од почетокот на своето претседателство Трамп им забрани на луѓето од неколку држави со претежно муслиманско население да патуваат во САД поради опасност за безбедноста. Редица правни правила ги блокираа првичните напори и два заменски планови. Најновата мерка вклучуваше делумна или целосна забрана за влез на луѓе од Сирија,  Либија, Иран, Јемен, Чад, Сомалија, Северна Кореја и Венецуела. (Од последната е забранет влез само на владини вработени и нивни директни роднини.) Врховният суд во декември одлучи дека најновата верзија на забраната за патување не може да влезе во сила, додека се разгледуваат правните барања од страна на судови од пониска инстанца.

Ветување: Да се повлече од трговската зделка за Транстихоокеанско партнерство со 11 тихоокеански држави.

Состојба: Тој го направи тоа на 23 јануари.

Ветување: Да го предоговори или да се повлече од Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА) со Мексико и Канада.

Состојба: Преговорите меѓу трите земји продолжуваат. Трамп покажува дека се уште може да се повлече од зделката, ако условите не се погодни за САД.

Ветување: Да се повлече од Парискиот Договор за клима.

Состојба: Трамп презеде акција за повлекување од Договорот, но процесот нема да заврши пред 2020 година. Владата не се придржува до обврските за намалување на емисиите.

Ветување: Да го прекине меѓународната Договор за нуклеарната програма на Иран.

Состојба: Трамп на 12 јануари објави дека САД го продолжи замрзнувањето на санкциите против Иран во согласност со нуклеарниот договор од 2015 година, но рече дека тоа го прави за последен пат, ако не бидат поправени „ужасните недостатоци“ на договорот.

Ветување: Да го реформира даночниот кодекс на САД и да ги намали даноците за средната класа.

Состојба: Трамп ја постигна првата голема законодавна победа на 20 декември со усвојувањето на даночна реформа, со која се намалува данокот на корпоративните приходи. Најрадикалното менување на даночните закони на земјата во последните децении беше одобрено по партиска линија, и само републиканците гласаа за негова поддршка.

Ветување: Да го укине дипломатското отворање на Обама кон Куба.

Состојба: Трамп само делумно го промени курсот со повторно воведување на некои ограничувања за патувања и трговија, но ги одржува дипломатските односи и ја остави отворена американската Амбасада во Хавана. Од тогаш САД повлекоа повеќе од половина од дипломатскиот персонал поради низа мистериозни напади врз дипломатите што доведоа до здравствени проблеми.

Ветување: Да ја запре програмата од времето на Обама, која им овозможува на младите мигранти кои како деца биле илегално донесени во земјата да останат во САД.

Состојба: Владата на Трамп ја скратува програмата во момент кога истекува правото на учесниците да имаат корист од неа, но активно преговара за закон кој ќе им дозволи да останат. Трамп го повика Конгресот да преземе акција за решавање на правниот статус на мигрантите како дел од поголем двопартиски закон за миграцијата.

Ветување: Да најде заменик на судијата на Врховниот суд Антонин Скалија.

Состојба: Трамп ја предложи кандидатурата на Нил Горсач и Сенатот го одобри да го заземе одамна испразнетото место.

Вашингтон  ДПА

Слични содржини