Годината е 1990. Советскиот Сојуз се уште не се распаднал, но земјите од Железната завеса вријат и претекуваат. Иако Црвената армија, која владее со советската технологија сеуште е во состојба да се спротивстави на суперсилата САД, руските офицери сериозно се загрижени дека ако Источниот блок се распадне, неизбежно ќе настапи нуклеарна катастрофа. Во руското Министерство за одбрана во тоа време јасно сфаќаат дека со доаѓањето на повеќеполарен модел и новиот меѓународен поредок рускиот развој фатално ќе заостане. Затоа избираат премногу необичен начин за собирање на разузнавачки информации, за да се собере материјал. Се создава таен оддел, потчинет на Министерството за одбрана, со астрономски буџет од 100 милиони Рубљи, што во тоа време е еднакво на 200 милиони долари, соопштува “Труд”.

baba-vanga

Новата тајна служба нема име, но е обележана со №10003. Главната цел на овој оддел, кој го предводи полковник Алексеј Јуриевич Савин, е следење на паранормални феномени и луѓето со екстрасенси, преку кои почнуваат да собираат информации за непријателите на Советскиот Сојуз.

Првично Одделот №10003 води истражувањата на територијата на СССР, но подоцна почнуваат да праќаат специјалисти до сите познати пророци и да ја запишуваат секоја реченици од нив збор. Со “собраните предвидувања” овој оддел го постигнува изненадниот среден успех во рамките на 20-50%.

Има, меѓутоа, и такви гатачки, чии предвидувања за иднината се обистиниле сп 90%. Меѓу нив се издвојува пророчицата баба Ванѓа, познат на Запад и со прекарот Балканскиот Нострадамус. Меѓу предвидувањата на баба Ванѓа се почетокот и крајот на Втората светска војна, војната во Кипар во 1974 година и поделбата на островот. Слепата баба Ванѓа го “гледа” многу јасно и распадот на СССР многу години пред тоа да се случи. Раскажуваат дека по посетата кај Ванѓа Адолф Хитлер го напуштил бесен нејзиниот дом и никогаш повеќе не се вратил.

Руските истражувачи на паранормални феномени продолжуваат да ја истражуваат баба Ванѓа до нејзината смрт во 1996 година. Одделот толку се усовршува во предвидувањата што во 1997 година полк. Савин е издигаат до чин генерал. Предвидувањата на Ванѓа стануваат уште повеќе вредни по нејзината смрт, бидејќи таа ја предрекла Чернобилската трагедија, тонењето на руската подморница “Курск”, светската катаклизма на 11 септември 2001 година, катастрофата со цунами во 2004 година и црнецџот 44-ти претседател на САД.

Овој таен оддел го затвораат во 2003 година, поради острите реакции и критики на научните кругови во Русија, но и покрај тоа предвидувањата на бугарската пророчица продолжуваат да се обистинуваат едно по едно. Повеќе фрапирачките меѓу нив се- Арапската пролет и граѓанската војна во Сирија, хаосот на Блискиот Исток по подемот на “Исламска држава”.

Едно од најинтересните пророштва на Баба Ванѓа е тоа за 2016 година, што предвидува “муслиманска инвазија и освојување на Европа, распад на ЕУ и истерувањето на Европејците од континентот”. Бројот на мигрантите кои влегоа во 2015 година во Европа поради војната во Сирија, веќе е над 1 милион. А поголемиот дел од бегалците стигнаа до Стариот континент преку Турција.

Поради договорот меѓу Турција и ЕУ за совладување на миграцискиот поток кон Европа, кој започна да се применува од средината на март, нивниот број се намали за 190 000. Но сега договорот виси на конец поради кризата во дијалогот, настанат поради одбивањето на Турција да ги исполни последните 5 од вкупно 72 услови на Брисел, за да го добијат турските граѓани правото за слободно движење во Шенген. Претседателот Реџеп Ердоган се закани дека ако Европејците не ги испочитуваат ветувањата кои ги дале на Турција за безвизен режим, договорот за бегалци нема да помине во Меџлисот. Претходно во февруари пак Ердоган беше рекол дека “автобусите и авионите не чекаат залудно и ако треба, ќе се направи се што е потребно”.

На крајот, ако европско-турскиот договор за реадмисија на бегалците во Турција пропадне, уште едно предвидување на баба Ванѓа ќе се оствари.

Забелешка на авторот: Иако тајниот Оддел 10003 беше растурен, тој продолжува со својата активност како невладина организација за образовна дејност под претседателството на о.р. генерал Алексеј Јуриевич Савин.

Слични содржини